Казнети 25 возачи заради брзо возење по улиците на Куманово

18.02.2022 10:50 | Сузана Николиќ

Полициски службеници вчера на подрачјето на Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа биле санкционирани 25 возачи.

Казнети 25 возачи заради брзо возење по улиците на Куманово

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштива СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk