Казнети 27 загадувачи на животната средина во Куманово

13.11.2018 12:58 | KumanovoNews

Кумановските инспектори во изминатите три месеци напишале 27 казни и 58 опомени на граѓани, кои го прекршиле законот за јавна чистота и животна средина.

Казнети 27 загадувачи на животната средина во Куманово

Најголем дел од казните се однесуваат за фрлање отпад на јавен простор, а потоа и палење на отворен простор. Казната за овие прекршоци за физички лица изнесува 50 и 200 евра.

- Сакам да се заблагодарам на граѓаните кои соработуваа со нас во изминатиот период, и да ги охрабрат во наредниот период да помогнат да ги идентификуваме граѓаните кои што  го прекршуваат законот за јавна чистота, законот за градење, коминални дејностио и животна средина, - изјави Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инспекциски надзор.

Секторот за инспекциски надзор воведе и втора смена, односно дежурства со цел да ги открие прекршителите на законот за заштита на животната средина.

Во наредниот период ќе се спроведат акции со СВР Куманово, за санкционирање на несовесните граѓани кои палат отпад, бидејќи со тоа се загрозува и општата опасност на граѓаните и тоа е кривично дело.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk