Казнети 304 возачи за една недела во Куманово

22.09.2023 12:10 | Сузана Николиќ

Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. 

Казнети 304 возачи за една недела во Куманово

„Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 304 возачи, од кои 213 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 52 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 29 за управување возило без возачка дозвола и 10 за нерегистрирано возило. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk