Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во периодот од 12 до 18 часот, казнети се 43 мотоциклисти на подрачјето на СВР Куманово.
Полициски службеници на СВР Куманово спровеле акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 43 прекршоци.
Најголемиот број од прекршоците 33 се однесувале на некористење на заштитна кацига и управување без положен возачки испит, а 6 биле без валидна дозвола.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk