Казнети 50 возачи за брзо возење на територија на СВР Куманово

21.11.2021 19:23 | Сузана Николиќ

Денеска во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санционирани се 50 возачи. 

Казнети 50 возачи за брзо возење на територија на СВР Куманово

Од нив 29 на територија на Куманово, 12 на територија на Крива Паланка, а девет на територија на Кратово. 

„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk