Казнети 56 возачи за брзо возење во Липково

23.01.2021 17:48 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина над дозволената на територија на општина Липково.

Казнети 56 возачи за брзо возење во Липково

Санкционирани се 56 возачи, а изречени се и 17 санкции за други прекршоци.

МВР продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk