Казнети 6 возачи за непрописно престигнување

22.12.2021 19:10 | Сузана Николиќ

Денеска во периодот од 07.00 до 10.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за откривање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Куманово. Притоа се санкционирани 6 возачи.

Казнети 6 возачи за непрописно престигнување

Засилените акциски контроли,продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk