Казнети 62 лица за неносење маска

12.06.2020 10:52 | KumanovoNews

Во Кумановската полиција во изминатото деновиќе регистрирани се вкупно 62 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

Казнети 62 лица за неносење маска

„Во однос на уредбата за задолжително носење на заштитна опрема на подрачје на Секторот за внатрешни работи Куманово, во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 62 лица“ – велат од СВР Куманово.

Казната за неносење заштитна маска за физички лица е 20 евра.

На подрачјето на Општина Куманово во моментот се евидентирани 108 лица со решение за изолација, а во самоизолација се 111 лица.

На подрачјето на Општина Старо Нагоричане има 2 лица со решенија за изолација, а 4 лица се во самоизолација.

На подрачје на Општина Липково има 187 лица со решение за изолација, додека пак 32 лица се во самоизолација.

(Д.Давитковски)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk