Казнети 68 возачи за брзо возење на автопатот Куманово - Скопје

20.11.2021 18:40 | Сузана Николиќ

Во зајакната радарска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес полицијата казни 68 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина.

Казнети 68 возачи за брзо возење на автопатот Куманово - Скопје

Според МВР, од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, апелира полицијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk