Казнети 75 возачи во Крива Паланка и Кратово затоа што возеле брзо

18.01.2021 09:46 | KumanovoNews

За еден ден се казнати 75 возачи во Крива Паланка и Кратово, затоа што не ја почитувата брзината на движење по сообраќајниците.

Казнети 75 возачи во Крива Паланка и Кратово затоа што возеле брзо

„На подрачјето на ОВР Крива Паланка и ОВР Кратово во периодот 16/17.01.2021 преземени се мерки и активности и констатирано е дека 75 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од кои еден возач управувал возило пред да се стекне со право за управување на моторно возило, а тројца возачи биле под дејство на алкохол“, - информираат од СВР Куманово.

Од сообраќај биле исклучени 4 возила поради непочитување на сообраќајните прописи и двајца за непоседување на задолжителна опрема.

Санкционирани се двајца возачи за истечена возачка дозвола, двајца за неисправни уреди и опрема, а констатирани се и 8 други прекршоци.

(фото-архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk