Казнети 78 возачи за брзо возење во кумановско

06.08.2022 11:34 | Сузана Николиќ

На територијата на СВР Куманово, вчера спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санкционирани се 78 возачи. 

Казнети 78 возачи за брзо возење во кумановско

„Од нив 67 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, соопшти МВР. 

Оттаму додаваат дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. 

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, стои во соопштението.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk