Казнети 83 возачи, 59 за брзо возење, 24 под дејство на алкохол

28.03.2022 14:40 | Сузана Николиќ

Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли и санкционирање на возачите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Казнети 83 возачи, 59 за брзо возење, 24 под дејство на алкохол

На територијата на Куманово изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции и 24 санкции за возење под дејство на алкохол.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk