Казнети 83 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

29.01.2022 20:16 | Сузана Николиќ

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за откривање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. При тоа се санкционирани 83 возачи. 

Казнети 83 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

„Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, соопштува МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk