Казнети 85 кумановци за неносење маска

09.02.2021 10:17 | KumanovoNews

Осумдесет и пет граѓани на Куманово ќе се соочат со парична казна затоа што не носеле заштитна маска на јавен простор.

Казнети 85 кумановци за неносење маска

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.02/09.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 85 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 50 во Крива Паланка 20 и во Кратово 15“,- соопштуваат од СВР Куманово.

За сите ќе следуваат соодветни мерки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk