Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во акциска контрола на територија на општина Куманово, денеска во периодот од 09.30 до 16.30 часот казнети се 85 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.
„Од нив 16 возеле без возачка дозвола, изречени се две мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за управување моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 23 санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет мерки за управување со брзина поголема од дозволената“, соопшти МВР.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи заради побезбедни патишта.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk