Казнети 85 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

25.06.2022 16:42 | Сузана Николиќ

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска од 9 до 15 часот спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес при штоа санкционирани се 85 возачи, затоа што возеле со брзина поголема од дозволената.

Казнети 85 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

Од нив, 67 возила се движеле со брзина од 30 до 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk