Казнети 97 возачи поради брзо возење на автопатот Куманово - Скопје - Велес

08.12.2021 14:51 | Сузана Николиќ

Во периодот од 8 до 14 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата казни 97 возачи, поради брзо возење на автопатот Куманово - Скопје - Велес.

Казнети 97 возачи поради брзо возење на автопатот Куманово - Скопје - Велес

„Во денешната зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес, на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 97 возачи. Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, соопштува МВР. 

 Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. 

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk