Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќе од половина матични лекари во Куманово се казнети со по 300 евра од Фондот за здравство затоа што лани препишувале рецепти повеќе од дозволеното.
38 матичните лекари во своите ординации го надминале лимитот на издавање на лекови на товар на фондот, кој не смее да биде повеќе од 33 отсто од капитацијата која лекарите ја добиваат. Претседателот на матични лекари Куманово, Фатмир Асани смета дека овие казни се неоправдани бидејќи пациентите имаат потреба од лекот и лекарот не може да им го ограничува.
- Над 50 отсто од ординациите по општа медицина во Куманово се казнети поради тоа што го надминале планираниот лимит за препишани лекови. Тоа не е по нивна вина бидејќи лекарот има обврска да пишува лекови, а не може да води евиденција колку рецепти ќе напише денеска, утре или на крајот на годината,- вели Асани.
Според Асани казната од 300 евра на лекарите ќе им бидат одбиени од капитацијата за месец март.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk