Казнети мотоциклисти кои не носеле заштитна опрема

23.06.2023 14:06 | Сузана Николиќ

Во текот на изминатата недела кумановската полиција казнила 39 мотоциклисти, затоа што не носеле заштитна опрема.

Казнети мотоциклисти кои не носеле заштитна опрема

„СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово санкционирани се 39 мотоциклисти за неносење заштитен шлем. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, стои во соопштението.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk