Казнети полицајци од Сопот

16.03.2015 09:29 | KumanovoNews

Тројца полицајци од Полициска станица Сопот, минатата недела се казнети парично. 

Казнети полицајци од Сопот

Полицајците, кои се дел од граничниот реон Север, своето формациско оружје не го одржувале чисто и подмачкано.

По спроведена дисциплинска постапка минатата недела се донесени 34 решенија за исто толку вработени во Министерството за внатрешни работи, за пропусти во работењето. Од нив 23 полициски службеници се казнети парично, а на другите им е изречено запирање на постапка или отказ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk