Kазнети полицајци во СВР Куманово

12.01.2016 09:49 | KumanovoNews

Министерството за внатрешни работи во текот на декември по спроведени дисциплински мерки, донесе решенија за казнување на повеќе вработени во Полициска станица Гошинце и СВР Куманово.

Kазнети полицајци во СВР Куманово

Вработените се казнети затоа што направиле пропусти во работењето.

Кај тројца полицајци од Полициска станица Гошинце се најдени предмети од Прифатниот центар за странци, и тие се казнети со 15 отсто од плата за еден месец.

Двајца полицајци од Полициска станица Гошинце се казнети со по 15 отсто од плата за три месеци, затоа што од невнимание дозволиле да им избегаат двајца странци од Прифатниот центар.

Виш референт - самостоен техничар од СВР Куманово е казнет со 15 отсто од плата за шест месеци, затоа што не почитувал наредба на старешнина така што остварил прекувремени работни часови без да извести старешина.

На полицаец од Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, СВР Куманово му е изречена мерка отказ затоа што за себе прибавил противправна  имотна корист.

Полицаец од Полициска станица од општа надлежност Куманово, СВР Куманово е казнет со 15 отсто од плата за шест месеци затоа што одбивал лекарски преглед за утврдување на работна спсообност.

За еден полицаец од Полициска станица Гошинце е запрена постапка бидејќи не е утврдена одговорност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk