Казнети полициски началник и двајца командири

05.04.2015 13:59 | KumanovoNews

Начелник на одделение и двајца командири на полициски станици во СВР Куманово се казнети мината недела затоа што имале пропусти во работењето. 

Казнети полициски началник и двајца командири

Началникот на Одделението за полиција во СВР Куманово заработил „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци, бидејќи не преземал мерки да санкционира пропуст на полициски службеници.

На командир на полициска станица за граничен премин Белановце, изречена му е мерка „распоредување два степени пониско“, затоа што во повеќе наврати ја злоупотребил својата положба и овластувања.

Командир на полициска станица од Крива Паланка, СВР Куманово, шест месеци ќе има помала плата за 15 проценти, не презел мерки против полициски службеници кои не постапувале согласно законските овластувања.

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 42 решенија против 42 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk