Казнети возачи и пешаци за непочитување на сообраќајните правила и прописи

26.05.2022 11:34 | Сузана Николиќ

Во текот на изминатите два дена сообраќајната полиција продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. 

Казнети возачи и пешаци за непочитување на сообраќајните правила и прописи

„На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 52 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 15 санкции за непрописно престигнување и 11 за пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи . Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопштува СВР Куманово.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk