Казни за неколку фирми во Черкезе

29.07.2015 15:40 | KumanovoNews

СВР Куманово во соработка со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат вчера во раните утрински часови спроведе контрола во угостителски објекти во Черкеско село.

Казни за неколку фирми во Черкезе

При тоа издадено е решение за привремена забрана за вршење дејност во времетраење од 30 дена и глоба во износ од 1 500 евра на правно лице кое не поседува фискален апарат. Државниот пазарен инспекторат, пак, констатира пречекорување на работното време во објектот за што му е изречена глоба во износ од 700 евра.

Полициските службеници изрекоа глоби на девет лица кои ги затекнаа како во моментот пушат цигари во објектот, а Државниот пазарен инспекторат ќе изрече глоба и на правното лице.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk