Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 5 до 10 години казна затвор е предвидена за продавање петарди и од 200 до 800 евра парична глоба за оние што ги употребуваат, стои во законот
Отсекот за Превенција при СВР Куманово, во пресрет на новогодишните и божиќни празници апелира до граѓаните да се воздржат од купување и продавање на пиротехнички средства.
При тоа укажуваат на последиците од употреба на пиротехнички средства по животот на луѓето, како и за законските казни од недозволена изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи и нивната употреба.
„Тој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од една до 10 години. Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 5 години.Предметите од ставовите 1 и 2 и средствата за нивни изработување, пренесување и растурање ќе се одземат, -соопштуваат од Кумановската полиција.
Иста така поради неовластено пукање од огено оружје, употреба на пиротехнички средтсва или сличен експлозивен материјал, предвидени се прекршочни казни.
„Кој неовластено користи огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра. Родител или старател чие дете, заради занемарено грижење врши прекршоци од овој закон ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра, - додаваат од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk