„Кец на десетка“ вечерва пред кумановската публика

09.10.2018 09:12 | KumanovoNews

Комедијата „Кец на десетка“ во продукција на Македонскиот народен театар, вечерва ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во рамките на програмата на 21. фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово.

„Кец на десетка“ вечерва пред кумановската публика

Во комедијата „Кец на десетка“ играат: Александар Микиќ (Таткото Доксе) Тања Кочовска (Мајката Грациела), Нина Деан (Ќерката Ана) и Ивица Димитријевиќ (Тоше), според текстот на Митко Бојаџиски, а во режија на Дрaган Спасов – Дац.

„Кец на десетка“ е комедија со спонтан и природен хумор што брзо ја освојува публиката и лесно комуницира со неа. Текстот на претставата има едноставна мисија – да ја воведе публиката во ситуацијата на едно сосема нормално семејство кое ќе се собере за да се запознае со идниот зет. Со желба секој од семејството да остави максимален впечаток и да го покаже најдоброто од себе работите тргнуваат во поинаков правец.

До 18 октомври, на програмата се претставите: „Тарапевти“, Сатиричен театар Софија, „Свиња“, Продукција Траг-Белград, „Забрането смеење“, Струмички театар, „Наопаку“, Албански театар Скопје, „Веќе не те познавам“, Ромски театар „Птици“, Куманово, „Урнебесна трагедија“ Црногорско народно позориште и Кумановскиот театар со комедијата „Мани, мани“, според текст на Реј Куни, во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk