Километарски колони на Романовце и денеска

04.08.2013 13:47 | KumanovoNews

 Километарски колони возила со саати чекаат да ја поминат патарина Романовце на автопатот Куманово-Скопје.

Километарски колони на Романовце и денеска

Денеска во 14 часот редицата беше долга околу три километри, а патниците кажуваа дека чекаат од еден од два часа. Колона возила имало и цела ноќ. Најголем број од патниците се турски државјани од западноевропските држави, српски туристи што одат кон Грција, како и наши граѓани. Сите се нервозни и револтирани што губат толку многу време на пеколните горештини и бараат надлежните институции да преземат мерки за да се забрза протокот на возила на патарината.

  Причина за застојот е големата фреквенција на возила, но и поради тоа што на патарините не примаат метални евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk