Кираџија ограбил сосетка

10.03.2017 13:54 | KumanovoNews

Кумановец ограбил сосетка, со која живееле во истиот двор под кирија.

Кираџија ограбил сосетка

Разбојништвото се случило вчера во 15 часот на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“, кога А.И., кој живеел под кирија во истиот двор со Ш.А.(49), ја искршил влезната врата, насилно влегол внатре и со вербална закана побарал пари од неа.

Откако Ш.А. успеала да избега, А.И.  извршил пребарување и од нејзината чанта одзел 500 евра по апоени од 100 евра.

Полицијата презема  мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk