Кирил Џајковски ќе настапи на хепенинг во Кокино

16.08.2016 08:42 | KumanovoNews

На мегалитската опсерваторија Кокино, во недела (21 август) ќе се одржи музичко- културен хепенинг на кој ќе натапат Кирил Џајковски, Мухамед Ибраими и Фолтин.

Кирил Џајковски ќе настапи на хепенинг во Кокино

Хепенингот ќе се одржи во подножјето на Кокино, долж обележаната патека и во просторот на самата опсерваторија. Програмата ќе започне претпладневните часови со работилници за филигран, керамика, компостирање, оригами, а паралелно со нив ќе се одржи предавање од областа на астрономијата.

Перформативните активности на настанот стартуваат со поетско читање, со кое се отвора главната сцена, а потоа следи настапот на Кирил Џајковски, Мухамед Ибраими и Фолтин.

За затворањето, вистинско уживање за посетителите ќе биде набљудување на ѕвездите и кино под отворено небо со краткометражни филмски продукции.

Влезот за настанот е бесплатен, а секако ќе биде организиран и превоз до локацијата на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk