“Киро Бурназ“ доби козметички кабинет

12.02.2014 14:20 | KumanovoNews

Средното училиште “Киро Бурназ“ доби грант од 4.000 евра од германската амбасада за опремување на козметички салон за практична настава.

“Киро Бурназ“ доби козметички кабинет

Овој модерен кабинет ќе им користи на учениците и на возрасните кои посетуваат обуки за доквалификација.

Со залагање на амбасадата и на германската амбасадорка и на целиот тим околу неа ние добивме нешто што изгледа вака убаво. Нас ни е многу важно за изведување на практична настава за козметичари и фризери и обука на возрасни бидејќи овде во нашето училиште и лани, и во иднина се надеваме ќе имаме обука на возрасни, пред се жени - вели Весна Трајковска, директорка на “Киро Бурназ“.

Германската амбасадорка Гудрун Штајнакер рече дека нивната идеја е да помогнат на младите жени и на повозрасните кои сакаат да се занимаваат со козметика. Таа се заблагодари на ажурноста и професионалноста на Општина Куманово бидејќи тие лани аплицирале со проект за опремување на работилницата.

 Се надевам дека ќе имаме уште многу проекти со германската амбасада. Сметам дека ова е голема поткрепа за Куманово и за Македонија - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Преку малите проекти германската амбасада реализира техничка соработка со Македонија. За 15 години во земјава се направени над 80 мали проекти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk