„Киро Бурназ“ домаќин на државен тракторски натпревар

14.04.2015 09:42 | KumanovoNews

Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ следниот месец ќе биде домаќин на 45- от државен тракторски натпревар.

„Киро Бурназ“ домаќин на државен тракторски натпревар

Натпреварот е закажа за 7 мај, а учениците ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини и тоа препознавање на плевели и семиња, органско производстѕво, препознавање на коски и органи, вешто возење, орање и калемење.

Ние трет пат сме домаќини, но ова е прв пат кај нас да се одржува државен натпревар. Претходно натпреварот се одржуваше како регионален, и на него се натпреваруваа училиштата меѓу себе, а  сега е државен - кажа Весна Трајковска, директорка на „Киро Бурназ“.

На натпреварот ќе учествуваат ученици од десет земјоделски училишта од цела Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk