„Киро Бурназ“ го прослави 65-от патронат

15.10.2015 12:53 | KumanovoNews

Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ со пригодна културно-уметничка програма денеска го прослави 65-от патронат.

„Киро Бурназ“ го прослави 65-от патронат

Во училиштето беа поставени штандови на кои учениците и професорите ја презентираа својата работа.

Програмата  за  овој  ден  е  како  и  секоја  година.  Имаме  една  мала  приредба  и  она  што малку е поразлично од минатите години е што оваа година на патрониот празник и пред сите наши гости ги претставивме нашите струки. Имаме направено штандови од секоја струка  и  образовен  профил. Професорите  по  македонски  јазик  со  нашата  секција  по  литература  имаа подготвено рецитал кој зборува за патронот Киро Бурназ“ - изјави  Весна Трајковска, директорка на „Киро Бурназ“.

Присутните ги погледнаа штандовите со пекарски, земјоделски,  козметички производи, а истовремено беа презентирани земјоделската механизација и лабараториските опити.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk