“Киро Бурназ“ со најмногу слободни места за во прва година

01.07.2015 08:53 | KumanovoNews

 Во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ за упис во прва година, останаа околу 350 слободни места за сите струки.

“Киро Бурназ“ со најмногу слободни места за во прва година

Од училиштето објаснуваат дека за вториот уписен рок на 24 август, поените за прием на ученици ќе ги намалат за 5. Во “Перо Наков“ има над 300 слободни места за сите профили, а  од Министерството за образование се чека согласност за намалување на бројот на поени.

Во „Наце Буѓони“ има  133 слободни места, од кои 44 места се за во здравствената струка, а остатокот за машинските и електро струките.

“За здравствена струка чекаме согласност од МОН за намалување на критериуми за прием. За другите струки чекаме одлука од училишна комисија, но според конкурс може да се намалат критериумите за најмногу 5 поени“ - велат од “Наце Буѓони.

Во Гимназија “Гоце Делчев“ останаа 129 слободни места, од кои 34 се за настава на српски јазик, Дали ќе се намалат поените за упис ќе одлучи ресорното министерство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk