Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученички и ученици од средното земјоделско училиште “Киро Бурназ“ на државниот натпревар во Валандово освоиа повеќе награди.
Ученичките се наградени со трето место за вешто возење на трактор, додека машката екипа освои трето место за вешто орање. Во дисциплина препознавање на коски и органи од домашни животни ученици од “Киро Бурназ“ се пласираа на прво и трето место.
- Особено ни е драго што женски за прв пат се натпреваруваа во вешто возење на трактор. Условите се исти како за машки, така и за женски. На обележан полигон се прават кругови, се поминуваат кривини и на крај следи гаражирање - вели директорката Весна Трајковска.
Следната година “Киро Бурназ“ ќе биде домаќин на 45 - от по ред државен тракторски натпревар кој ќе се оддржи во месец мај.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk