Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската млекарница “Бучен Козјак“ е најквалитетен производител на кисело млеко во државата, покажале резултатите од маркетиншкото истражување на Медалот за квалитет спроведено од швајцарската организација за сертификација ICERTIAS.
Одговарајќи на прашањето “Кој произведувач произведува кисело млеко со апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар?”, потрошувачите ја дале довербата на “Бучен Козјак“.
Истражувањето за Медалот за квалитет QUDAL во беше спроведено во март 2014 година, на целата територија на Македонија, на репрезентативен примерок од 1200 испитаници, корисници на интернет постари од 15 години. Организацијата го мери искуството и задоволството на потрошувачите од квалитетот на производите и услугите на пазарот. Истражувањето беше спроведено преку интернет, со анкетен прашалник односно компјутерски поддржано интернет интервју - избор по подолго размислување,- велат од Агенцијата.
Млекарницата „Бучен Козјак„ годинава слави 30 годинишен јубилеј. За роденденот беше пуштен во употреба нов современ објект за преработка на млеко и млечни производи во индустриската зона во населбата Добрешане. На отварањето, менаџерскиот тим потсети дека „Бучен Козјак„ од мал семеен бизнис прерасна во препознатлив бренд во градот и државата. Успешноста на компанијата се должи на посветеноста на сопстевниците да останат верни на квалитетот и традицијата во производство на природни и еколошки млечни производи.
Покрај најквалитетно овчо и кравјо кисело млеко, млекарницата произведува и врвно овчо, мешано и кравјо бело и биено сирење, како и јогурт и пресно млеко.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk