Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните да не прават залихи од зејтин, бидејќи во наредните неколку снабдувањето на пазарот ќе се нормализира.
„Од утре или задутре ќе има доволно масло за јадење по рафтовите. И граѓаните и другите потрошувачи не треба непотребно да прават залихи, бидејќи може да се наруши пазарот во одредени моменти, како што беше неколку дена претходно“, кажа Бектеши при посетата на „Маслодајна“ во Велес.
Цената на маслото не се очекува да надмине 150 денари, ова се прогнози на производителите.
Владата донесе две долгорочни мерки за враќање на сончогледот на македонските полиња и зголемување на интересот за негово одгледување.
„Донесена е одлука за доделување на земјиште на поединци и компании, исклучиво за одгледување на сончоглед. Втора мерка е субвенциите кои ги добиваат земјоделците, треба да имаат доказ дека целокупното производство што го оствариле, го предале на домашните капацитетите за преработка на маслото за јадење“, кажа министерот за земјоделие Љупчо Николовски, кој исто така беше во посета на фабриката.
Заради заштита на сопственото производство, Владата на Србија денес одлучи да извезува во Македонија само рафинирано масло за јадење во шишиња од по еден литар, не и сурово, како што очекуваа дел од производителите на масло.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk