Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Премиерот Димитар Ковачевски потпиша во Белград меморандум за изградба брза железничка пруга Скопје–Ниш-Белград која натаму оди до Будимпешта.
„Конкретно зборуваме за делницата Скопје-Ниш-Белград и секако за кракот кој во Скопје ќе се поврзе со Меѓународниот аеродром во Скопје. Се работи за пруга која што треба да се изгради во должина од околу 50 километри на територијата на Македонија во првата фаза, а интенцијата е коридорот 10 комплетно да биде изграден со нова пруга која што ќе биде од Скопје до Солун потоа од Солун до Пиреа и Атина. Комерцијалната брзина на оваа пруга ќе биде најмалку 160 km/h, инаку веќе Министерството за транспорт и врски на Србија разговара и за зголемување на оваа брзина преку документација која се прави во Србија за патничките возови што ќе овозможи навистина брз проток она што на Балканот не сме го имале, а што сме го гледале во земјите од Западна Европа“, кажа премиерот Ковачевски.
Во следните две недели, Владите ќе формираат работна група која ќе изготви план со активности со динамика на реализација на овој проект.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk