Ќе се крпат ударните дупки по улиците во Куманово

07.03.2023 13:41 | Сузана Николиќ

Ударните дупки по улиците и булеварите во Куманово ќе бидат пополнети со асфалт во пролетната акција за поправка на оштетените коловози, која се очекува да започне до 15 март. 

Ќе се крпат ударните дупки по улиците во Куманово

Од Општина Куманово велат дека почетокот на работите ќе зависи од временските услови, но се чека да заврши и зимското одржување на улиците.

„При крајот на февруари имавме санација на дел од ископаниот асфалт, меѓутоа се уште има дупки на кои ќе мора да се интервенира. Имаме пријави од нашите служби, од граѓани и МВР,па според предвидениот план ќе се работи на улиците Трета МУБ, Октомвриска револуција кај Мај Маркет, Народна револуција, Франц Розаман, Ѓорче Петров и други. Најдоцна до средината на март акцијата ќе  започне од централното градско подрачје, а потоа ќе се прошири кон периферијата на градот“, изјави Момчило Јовановски од Одделението за комунални дејности.

Во првата интервеницја ќе бидат потрошени околу милион денари, средства од минатата година, а во меѓувреме ќе се распише тендер за оваа година.

Крпењето на ударните дупки ќе го врши фирмата „Кооп-инжинеринг“ од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk