Ќе се постави нов семафор на раскрсницата на „Трета МУБ“ и „Народна револуција“

25.03.2025 10:22 | KumanovoNews

Нов семафор ќе се постави на крстосницата на булеварот „Трета МУБ“ и улицата „Народна револуција“ во Куманово, откако стариот е откорнат. 

Ќе се постави нов семафор на раскрсницата на „Трета МУБ“ и „Народна револуција“

Работници на ЈП „Чистота и зеленило“ веќе ја поставиле основата, пред неколку дена се бетонираше местото и сета што е потребно за позиционирање на држечкиот столб.

„И кога ќе ги направат не траат многу, или ќе прегорат сијалички или ќе ги удри и оштети некој невнимателен возач. Џабе збориме, никој не го интересира, полиција нема никогаш, нередовно се одржуваат, а и често се случува да ги кутнат со возила кои пребрзо или невнимателно минуваат“, коментираат жителите.

Раскрсницата е црна точка на Куманово, со голема фреквенција на сообраќај и чести незгоди.

За одржување на семафорите е задолжена компанијата „Електро Софт Инженеринг“ од Скопје, а постигнатиот договор е со вредност од 991,2 илјади денари (16 илјади евра). Од Сектор за комунални работи констатираат дека се работи за застарени модели на семафори, за кои тешко се наоѓаат резервни делови.

Семафорите не работеа во повеќе наврати од јуни, 2024 година кога беа поставени репарирани и исправни. Голем дел од граѓаните секојдневно поминуваат тука, а се почести се апелите полицијата да го регулира сообраќајот, барем во најфреквентните делови од денот.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk