“Класје на добрината“ ќе ги помага сиромашните деца

20.02.2014 14:29 | KumanovoNews

Невладината организација “Класје на добрината“ ќе донира облека за сиромашните деца и децата без родители во Куманово и Липково, како дел од проектот за облекување на 8.000 деца во Македонија.

“Класје на добрината“ ќе ги помага сиромашните деца

Сега сме во фаза на остварување контакти со општините, а тие со училиштата и да добиеме список на сиромашни деца. Ќе има облека, за децата од 1 до 5 одделение, за сирачиња и деца од сиромашни семејства - изјави Зија Абдиу, генерален секретар на невладината “Класје на добрината“.

Досега облека е донирана во повеќе од десет општини во земјава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk