Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бетонски клупи и канти за отпад се поставени на пешачката патека на кејот на реката Липковка во текот на вчерашниот ден. Вкупно се 16 и допринесуваат за урбан изглед на бекатонската патека, која се протега по должината на стариот градски парк во Куманово.
Граѓани кои живеат во близина на паркот го поздравија потегот за средување на овој дел од градот.
„Убаво направија, сега можеш да прошеташ, да седнеш. Фали овде дрвца да посадат, сенка да направат,за некој месец ќе почне да не удира сонцето во глава. Еве со внуката седнавме, и убаво-има каде да одмориш, па да продолжиш до дома. Само да го чуваме, ова е за нас“, изјави пензионер кој живее во близина.
Со реконструкција на стариот градски парк опфатен е и ово дел, кој од неодамна се средуваше, тампонираше и беше нареден со бекатон плочки.
Првата фаза на реконструкцијата на паркот е завршена во февруари, кога се реконструираа пешачките патеки, беше изграден нов паркинг и игралиште за кошарка. По ветување на надлежните, локални власти паркот во близина на автобуската станица ќе прерасне во смарт парк, со многу забавно-рекреативни содржини и современа опрема.
Неговата реконструкција трае повеќе од 20 месеци, поради што граѓаните реагираат.
Новопоставената урбана опрема е иста како она поставена на Градскиот кеј. Направени се од масивни бетонска структура, за која надлежните се надеваат дека ќе одолеат на месните вандали и несовесни лица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk