Книжевен караван гостува во Куманово

05.07.2013 12:05 | KumanovoNews

Пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ до среда на штанд ќе се продаваат книги од три издавачки куќи.

Книжевен караван гостува во Куманово

Повеќето книги се за природно лекување, за билкарство, за народни лекови, а има и книги од духовна литература како што е Библијата. Имаме наслови од авторка од Америка, Елен Г. Вајт која е многу преведувана. Таа се занимава со темите за природно лекување, со педагогија, психологија. Луѓето се по одмори, знаеме каква е економската состојба, но сепак купуваат по нешто  - вели Јовица Јосевски, претставник на издавачка куќа “Глас на реформација“.

Ваквите промоции и изложби на книги се прават со соработка помеѓу издавачите и Министерството за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk