Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно - информативниот центар на Србите во Македонија “Спона“, утре во просториите на Фото кино клуб “Козјак“ во Народна техника, во 19.30 часот ќе одржи книжевна работилница за делото “Нечиста крв“ од Борислав Станковиќ.
Модератот на работилницата ќе биде Елизабета Краљевски, магистар по општа и компаративна книжевност и ментор на детскиот театар Драмци од Куманово.
Посетителите ќе имаат можност да слушнат обработка на романот, но и да учествуваат на трибината.
На учесниците на книжевната работилница за обработка на делата, на располагање ќе им бидат примероци од романот од колекцијата на Народна библиотека на Србија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk