Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, вечерва /сабота/ со почеток во 18 часот ќе се одржи „Книжевна вечер со Ана Бунтеска“.
Ана Бунтеска е родена во Скопје, своето детство го поминува на релација Скопје-Битола-Прилеп а во последно време и Охрид. Таа е поетеса која длабоко навлегува во поривите на душата, а професионално е брокер. Нејзиниот татко е познат новинар Лазо Бунтески за кој таа смета дека е од генерацијата на новинари кои ги поставиле темели на вистинското, професионално новинарство. Ана Бунтеска има пасија кон стари книги, просториите кај баба и биле полни со „купишта книги“, таа особено е горда на сопствената библиотека, и се воодушевува на пожолтените страници. Има објавено три книги поезија: „Колку е потребно за среќа“, „Стави лајк на сопствениот живот“. Поетесата Ана Бунтеска е добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда“, наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.
Настанот е дел од Годишната програма за презентација, популаризације и афирмација на книжевноста, поддржана од страна на Министерство за култура. Настанот ќе биде збогатен со музика на пијано од младиот музичар Јован Цветкови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk