Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на Српскиот културно информативен центар „Спона“ во Куманово, вечерва со почеток во 19 часот, ќе се одржи книжавна вечер со поетот Бранислав Матиќ, од Белград.
За делото на Матиќ ќе зборуваат Јован Пејчиќ и Милутин Станчиќ, програмски уредник во „Спона“.
Бранислав Матиќ, роден во Лозница, Србија, 1965 година, е поет, уредник, издавач. Неговата поезија, есеи и погледи се објавувани во низа на угледни списанија. Вклучен е во првата антологија на српскот сатиричен афоризам (“Историја апокалипсе”, 1987). Уредник е на повеќе списанија, издавачки куќи и магазини. Има подготвено и уредено голем број на книги, од областа на книжевноста, уметноста, сакралната традиција, филозофија, историја и култура. Живее и работи во Белград.
Тој досега ги објавил книгите: “Хиперборејски летопис” (2015), “Острво” (2020), “Благослови” (2022), Гополитичке монографије: “Србија. Геополитички албум” (2011), “Србија под капом небеском” (2017), “Београд, изнад Истока и Запада” (2023). Есеи и записи: “Благо Косова и Метохије” (2009), “Чувени странци о Србији” (2009), “Велики српски визионари” (2009), “Мали српски мисленик” (2010)…
Неговите дела се преведувани на англиски, руски, италијански, шпански, француски, германски, кинески и други светски јазици.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk