Книжевна вечер со Катeрина Јовчевска во Центарот за култура во Куманово

17.11.2022 13:10 | KumanovoNews

Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, вечерва во 18 часот ќе се одржи Книжевна вечер со Катeрина Јовчевска. 

Книжевна вечер со Катeрина Јовчевска во Центарот за култура во Куманово

Книжевната вечер ќе биде исполнета со презентација, промоција и популаризација на три книги од авторката: "Заробеник во сопствениот живот", "Живеј го животот со восхит", и збирка поезија на англиски јазик "Something like love".

„Со овој проект се заокружува низата проекти од годишната литературна програма за 2022 година, одобрени од Министерство за култура. Со овој настан воедно го одбележуваме и празникот  на градот "11 Ноември"“, информираат од Центарот за култура. 

Катeрина Јовчевска е родена во Малме, Шведска, основно и средно образование завршила во Куманово, каде и денес живее и твори.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk