Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе кандидатурите

16.02.2013 22:42 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓеорѓиевски вечерва еден час пред истекот на рокот,  ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Куманово на престојните локaлни избори.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе кандидатурите

Истовремено беше поднесена и листата на советници предводена од Драган Петковски.

Ние сме подготвени да започне едно ново владеење на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата за подобра Македонија и ќе создаваме едно ново Куманово, кое ќе биде подобро место за живеење-изјави Георгиевски.

На новинарски прашање како ја оценува одлуката на СДСМ да ги бојкотира локалните избори и дали тоа ќе значи полесно освојување на власта, Георгиевски одговори:

Ние сме подготвени за реален и регуларен натпревар, така да таа одлука не не радува и не е во интерес на граѓаните на Куманово и Република Македонија. Таа одлука не е фер кон граѓаните на општина Куманово.

Носителот на листата Петковски се заблагодари на подршката на партијата и вети дека ќе се заложи за развој и просперитет на градот.

На листата во првата петорка се Валентина Јовановска,  Борислав Додевски од СПМ, Злата Божиновска и Бобан Јаќимовиќ од ДПСМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk