Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ најбројна во Советот

04.10.2012 12:26 | KumanovoNews

 На денешната седница кон опозиција се приклучи и советникот Тони Трајковки од ТМОРО-ВЕП, кој досега беше во коалиција со СДСМ.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ најбројна во Советот

Советничката група на коалицијата „За подобра Македонија„ во Советот на Општината Куманово е се побројна. На денешната седница кон опозиција се приклучи и советникот Тони Трајковки од ТМОРО-ВЕП, кој досега беше во коалиција со СДСМ.

„ Го известувам Советот дека од сега, па во иднина ќе дејствувам во состав на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ- изјави на денешната седница Трајковски.

По ова беше направена 5 минутна пауза техничката служба да направи нова распределба на места за седење.

По новото прегрупирање коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ брои 11 члена, а СДСМ 10 советника. Неодамна од ВМРО-НП во ВМРО-ДПМНЕ премина и советникот Миле Јакимовски, додека Виктор Цветковски повеќе не е член на СДСМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk