„Кочо Рацин“ ќе организира новогодишен базар

07.12.2015 12:55 | KumanovoNews

Основното училиште “Кочо Рацин“ на 24 декември ќе организира новогодишен базар, на кој ќе се продаваат украси, колачи и други рачни изработки. 

„Кочо Рацин“ ќе организира новогодишен базар

Базарот го организираат децата од второ и четврто одделение, а рачните изработки можат да ги купуваат ученици, наставници, родители и луѓето кои живеат во близина. Истиот ден ќе има забава за родители и ученици од 1 до 5 одделение во училиштето.  Базарот е традиционален и се прави вообичаено пред Нова година, а собраните средства ќе бидат наменети за купување на лцд телевизор. 

На 29 декември во училиштето ќе има новогодишна забава за повозрасните ученици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk