“Кочо Рацин“ прослави 70 години постоење

05.12.2014 10:15 | KumanovoNews

Основното училиште “Кочо Рацин“ одбележа 70 години постоење и успешна работа.

“Кочо Рацин“ прослави 70 години постоење

По тој повод беа организирани низа манифестации за јубилејот. “Кочо Рацин“ е прво училиште во Куманово, во кое почнала да се изведува настава на македонски јазик.

„Со спортски, културни активности, со свечена академија и приредба насловена „Во светот на бајките„ „Кочо Рацин одбележа значаен јубилеј 70 години од своето постоење. Постојано вложуваме во инфраструктурно уредување на зградите како во централната, така и во зградите на подрачните училишта“ - изјави директорот Драгиша Цветковиќ.

Во централната зграда во Куманово настава следат 1340 ученици, а подрачни училишта има и во селата Биљановце, Доброшане, Орашац каде настава се изведува до деветто оделение.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk